Поврзи се

Ракомет

Андреа Пенезиќ заминува од Вардар, но ќе продолжи да игра

Ракометарка на Вардар, Андреа Пенезиќ, иако најави дека по заминувањето од Вардар на крајот од сезоната ќе се пензионира, сепак ќе ја продолжи кариерата.

– Точно е дека мислев да ја прекинам кариерата, но во мене има уште ракомет и затоа решив да играм барем уште една сезона, истакна Пенезиќ.

Таа вели дека е во преговори со неколку клубови, но не сакаше да открие за кои станува збор.

– Во моментов сум во преговори со неколку клубови и засега немам ништо одлучено. Верувам дека набрзо ќе се знае и името на новиот клуб, наведе Пенезиќ.

Хрватката, која има 32 години, е дел од вардаровите ракометни ѕвезди кои ќе го напуштат клубот, откако управата на „црвено-црните“ соопшти дека од следната сезона ќе игра со екипа составена од млади ракометарки од сопствените школи.

ФОТО

loading...

Повеќе од Ракомет