Фудбал
Ангеловски го испрати Пандев во заслужена пензија
Репрезентативците на Македонија пристигнаа во Скопје по што нашиот селектор Игор Ангеловски го испрати легендарниот Горан Пандев во заслужена пензија.
Нашиот селектор има договор до крајот на јуни и кажа дека дуелот со Холандија е последен за нашата репрезентација.
Ангеловски и Пандев се поздравија по пристигнувањето во Скопје и се разделија по успешна соработка од шест години.