Connect with us

Фудбал

Ангеловски: Пандев не е доволно почитуван во Македонија, Елиф Елмас ќе биде во Реал Мадрид и ќе освои „Златна топка“

Македонија ги заврши квалификациите за пласман на ЕП на третото место откако го совлада Израел со 1:0 во Скопје. Собра 14 бодови, исто колу и Словенија на четвртото место, но поради подобриот скор Македонија го освои третото место зад Полска и Австрија. Ова е најдобриот пласман на фудбалската репрезентација во едни квалификации.

Селекторот Игор Ангеловски во разговор за „Фокус“ се осврна на сето она што се случувало откако тој го презел кормилото на репрезентацијата. Зборуваше за атмосферата, за резултатите, играта, но и за најдобриот фудбалер, и оној што треба да биде или се очекува да биде најдобар.

ЗА ЕЛИФ ЕЛМАС:

„Јас ја имав таа среќа на 16 години да го ставам да дебитира во првиот тим на Работнички. На 17 години дебитираше за македонската репрезентација против ШпанијаЈас знам а и тој верува дека еден ден ќе биде во Реал Мадрид и ќе ја освои Златната топка. Јас само му посакувам да успее во тоа. Со Елмас имам одличен однос, но интересно е тоа што неговиот татко служел војска кај мојот татко, кој беше воено лице

ЗА ГОРАН ПАНДЕВ:

„Горан си имаше свои причини кои на јавноста и ги кажа. Тој не беше задоволен од се што се случуваше во репрезентацијата. Јас првиот работен како селектор сакав да го поминам во негово друштво. Се договоривме да се видиме во Џенова. Му ги кажав моите планови за репрезентацијата. Му кажав дека мора да биде во репрезентацијата, затоа што тој е најголемиот фудбалер во историјата на Македонија. Таа идеја му се допадна. Но, мислам дека Пандев е недоволно почитуван, затоа што знам како го почитуваат во Италија, а тука во Македонија ќе се појави некој кој ќе каже лошо нешто за него. Тој со резултатите ја задолжи Македонија и е еден од нашите најдобри амбасадори заедно со Антиќ, Кире Лазаров…

Преземено од „Фокус“