Connect with us

Фудбал

Англија без најдобриот на средбите со Германија и Бразил

Напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн ја напушти базата на англиската репрезентација и нема да биде на располагање на селекторот Гарет Саутгејт за претстојните контролни натпревари со Германија и Бразил.

Кејн во моментов е прв стрелец во Англија, а покрај него поради здравствени проблеми и Хари Винкс нема да биде во националниот тим.

ФА објави дека на местото на Винкс е повикан Џејк Ливермор од ВБА, додека се знае кој ќе го замени Кејн.

Англија на 10 ноември ќе ја пречека Германија, а на 14 ноември ќе биде домаќин на Бразил.