Фудбал
Англија славеше против Косово, Бугарија преку Чешка до прва победа во квалификациите
Селекцијата на Англија славеше со 4:0 на гостувањето кај Косово и како првопласирана селекција во групата А обезбеди пласман на ЕП. Винкс, Кејн, Рашфорд и Маунт со по еден гол донесоа убедлива победа на „Гордиот албион“.
На вториот меч од оваа група Бугарија славеше над Чешка со 1:0. Божиков беше стрелец на единствениот гол со кој Бугарите стигнаа до првата победа во овие квалификации. Покрај поразот Чешка го освои второто место во групата и обезбеди пласман на ЕП.
Група А, резултати 8.коло.
БУГАРИЈА – ЧЕШКА 1:0
Божиков 56’
КОСОВО – АНГЛИЈА 0:4
Винкс 32’, Кејн 79’, Рашфорд 83’, Маунт 90+1’
Standings provided by Sofascore LiveScore