Тајмаут
Англиски фудбалер неколку дена пред венчавката, во кревет со друга жена, русокосата се правда-Немаше се*с, тој веднаш заспа!
Тејлор (27) се правда, вели фотографијата е направена на шега
Само две недели пред сопствената венчавка, искусниот напаѓач Енди Керол (33) беше во кревет со русокоса. Англискиот напаѓач се подготвува за својата венчавка со Били Маклу, но се чини дека тоа не го спречи порано да се опушти со друга жена. Поранешниот голгетер на Њукасл и Ливерпул помина еден ден во Дубаи со менаџерката на кафулето Тејлор, Џејн Вилки. Тие двајца имаа целодневно дружење, а потоа Енди ја покани на афтер-забава во неговиот хотелски апартман, каде беше направена фотографија како лежат заедно во кревет.
„Сето тоа беше сосема невина забава“, рече 27-годишната Тејлор, која испрати фотографии со Енди на пријателите.
Сепак, на многумина им е невкусно она што Керол го прави само неколку дена пред свадбата и дека неговата партнерка сигурно нема да биде среќна кога ќе ја види фотографијата.
“Оваа фотографија е направена како шега. Тоа беше после забава. Сите се вративме во хотелот, а таму бевме јас, Енди и мојот пријател. Не спиев со него, не беше така, бевме тројца во собата. Цел ден и ноќ се опиваше“, се оправда Тејлор.
“Тој ден се вративме во хотелскиот апартман на Енди и пуштивме музика, а тој легна и набрзо заспа. Со мојот пријател ги направивме овие слики од шега. Немаше секс, сето тоа беше шега”, вели таа.
Енди бил на одмор во Дубаи и воедно тоа биле последните „подготовки“ за венчавката, а претходно била и неговата идна сопруга, но за разлика од него таа не уживала со други мажи туку со најдобрите пријатели.

Енди Керол со неговата идна сопруга
Керол има настапувано за Њукасл, Ливерпул, Вест Хем, Ридинг, а последен ангажман му е во ВБА, за која на 14 натпревари постигна три гола.
Во текот на кариерата настапуваше и за репрезентацијата на Англија, а на девет официјални настапи постигна два гола.