Фудбал
Анкета на „Сан“: 64,4 отсто од навивачите на Јунајтед посакуваат отказ на Солскјер
Британски „Сан“ спроведе анкета меѓу навивачите на Манчестер јунајтед за можното разрешување на тренерот Оле Гунар Солскјер.
Според резултатите, 64,4 отсто од навивачите сакаат заминување на 46-годишниот Норвежанец. Останатите 35,6 проценти од испитаниците му дадоа поддршка на тренерот.
Во истражувањето учествувале 4.400 фанови на Јунајтед.
Претходно, раководството на клубот од „Олд Трафорд“ изрази поддршка за Солскјер.