Кошарка
Антиќ, Блажевски, Гечевски одиграа за лекување на младата Ирена

На едно место по долго време во ист дрес се најдоа поранешни шампиони во црвено-белиот дрес како Перо Антиќ, Марјан Србиноски, Тодор Гечевски, Перо Блажевски, Ристе Стефанов, Енес Хаџибулиќ, Александар Јончевски, Тони Симиќ, Борис Нешовиќ и Александар Димитровски, кои од клупата беа диригирани од легендарниот Лазар Лечиќ. Тие го намачија составот на Марин Докузовски, кој на крајот победи со 104:101.
Резултатот, сепак, беше во втор план, а неколку стотината присутни имаа можност да ја покажат својата хуманост во кутиите за донации кои беа поставени во салата.
ФОТО: Д. Митрески
