Connect with us

Тајмаут

Антиќ: Ова раководство на МКФ само прави проблеми и лечи некои свои комплекси

Антиќ уште еднаш гласно го кажа своето мислење за раководството на Македонската кошаркарска федерација на чело со Петар Наумоски.

Тој не ја отфрла можноста повторно да заигра за репрезентацијата на Македонија доколку раководството се промени.

„Ќе почекаме да видиме што ќе се случи со раководството. Додека е истото раководство не размислувам за враќање. Иако се работи за играње за мојата држава, тоа раководство само чека да направи некои проблеми, само лечи свои комплекси. Ја расипаа хемијата која ја красеше македонската репрезентација“, вели Антиќ за „СпортКлуб“.

Антиќ ја доби наградата за најдобар кошаркар на Македонија во 2017 година, но ниту тој дојде да ја потигне ниту испрати претставник да го направи тоа.

„Фала им, ете им ја оставив наградата, нека ја чуваат“.