Фудбал
Апсурдна ситуација на младинскиот натпревар на Барса против Кристал Палас, синот на Клајверт постигна гол што поттикна дискусии за фер-плеј (ВИДЕО)
Крајно апсурдна ситуација се случи на натпреварот помеѓу Барселона и Кристал Палас за време на младински турнир за екипи до 16 години. Еден од младите играчи на каталонскиот клуб наводно бил повреден, но тој скокнал на нозе, а неговите колеги искористиле една смешна постапка на противникот и постигнале гол.
MIC Football е голем меѓународен фудбалски турнир. Секоја година во него учествуваат академиите на најголемите клубови како Јувентус, Манчестер Јунајтед, Милан и ФК Барселона, чии играчи покажаа крајно лукаво, но не особено фер-плеј однесување.
Екипата на Барселона до 16 години се соочи со своите врсници од Кристал Палас. Каталонскиот клуб брзо дојде до водство, постигнувајќи го првиот гол во 16. минута. Четири минути подоцна беше постигнат уште еден гол и Барселона поведе со 2-0.
Во 25. минута дојде до опасен судир на играчи од двете екипи. Фудбалерот на Кристал Палас доби жолт картон и на играчот на Барселона мораше да му биде укажана лекарска помош. Искористувајќи ја кратката пауза, фудбалерите на Кристал Палас решија да одат кај својот тренер, но потоа се случи нешто многу љубопитно.
😳 Take a look at this….
Ref allows Barcelona u16s to start play again whilst Crystal Palace are at the side of the pitch.
Patrick Kluivert son, scores the goal.
Was the referee right? pic.twitter.com/HHPrCNrUga
— TheSecretScout (@TheSecretScout_) April 23, 2023
Еден соиграч притрча до се уште лежечкиот играч на Барселона, на кој му укажаа лекари и му рече да стане и брзо да го напушти теренот. Тој веднаш скокна и ги напушти границите на полето за играње. Судијата ја продолжи играта и Шејн Клајверт, син на легендата на ФК Барселона и Холандија, Патрик Клајверт, ја упати топката напред и на крајот погоди во празната мрежа.