Фудбал
Арсенал гo прегази ривалот од Лондон и остави страшен месец зад себе (ВИДЕО)
Фудбалерите на Арсенал конечно им се вратија на победничките патеки совладувајќи го Кристал Палас со 5:0 во 21. коло од англиската Премиер лига. Арсенал под голем притисок ги пречека помалите ривали од Лондон бидејќи уништија многу во последниот месец. Три порази во низа, четири меча без победа, испаѓање од ФА Купот и пад на позицијата број еден во лигата. Се што им се случи на Топџиите и пресвртот беше повеќе од потребен.
Standings provided by Sofascore