Connect with us

Фудбал

„Арсенал“ има нова „десетка“

Емил Смит Роу од денес е нов сопственик на „десетката“ во Арсенал, а доби и договор до 2026 година.

Овој 20 годишник го наследи легендарниот број кој до неодамна му припаѓаше на Месут Озил кој си замина од Лондон после седум години.

Тренерот Микел Артета е задоволен од овој потпис.

„Како што можевме да видиме минатата сезона, Емил е интелигентен играч со одлични карактеристики. Неговата неверојатна визија за игра го направи важен играч за нас. Посветеноста и желбата да напредува се истот така импресивни. Сигурен сум дека навивачите ќе бидат задоволни што остана верен на нашиот клуб“, изјави Артета.

Смит Роу во минатата сезона постигна четири гола и подели седум асистенции на 33 натпревари. Арсенал ова лето одби понудата од Астон Вила која изнесуваше 30 милиони евра.