Connect with us

Фудбал

Арсенал „оптимистички“ спрема понуда за голманот на Барселона

Дон Балон пишуваат за евентуалната замена на Чех во Арсенал. Голманот кој што се споменува е германецот Марк Андер Тер Штеген. Тер Штеген во последните натпревари покажува дека станува збор за врвен голман и тешко е да се повервува дека Барселона ќе го пуштаат без борба.

Челниците на Топчиите веќе се подготвуваат да најдат соодветна замена за 35-годишниот голман, а на листата на потенцијални кандидати највисоко котира германскиот репрезентативец и актуелен чувар на мрежата на Барселона, кој сезонава брани во одлична форма.

Покрај Тер Штеген на списокот на можни наследници на Чех се наоѓаат и двајцата голмани на Пари Сен Жермен, Кевин Трап и Алфонс Ареола.