Connect with us

Фудбал

Артета: Исклучително сум разочаран

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета не го криеше разочарувањето по тешкиот пораз од 4-1 на гостувањето кај Манчестер Сити во клучниот натпревар во трката за титулата во Премиер лигата. Според него, „топчиите“ не ги загубиле шансите да станат шампиони. Сити и понатаму е втор со два бода помалку од лондончани, но „граѓаните“ имаат два натпревари помалку.

„Крајно сум разочаран. Знаевме дека треба да дадеме се од себе индивидуално и тимски. Бевме далеку од тоа. Тешко е после ваков пораз. Но, ако ја погледнеме пошироката слика, самиот факт дека се боревме до крај против овој противник е неверојатен“, изјави шефот на Арсенал.

„Ќе ја продолжиме борбата, нема да се предадеме. Остануваат уште пет натпревари, а на овој шампионат се може да се случи. Сум видел многу во мојата кариера, но сепак сум тука 22 години. Во исто време, мора да признаеме дека загубивме од исклучителен противник, најдобар“, додаде тој.