Фудбал
Артета: Задоволен сум, доминиравме, застанавме високо
Фудбалерите на Арсенал во саботата го совладаа Лестер на гости, Микел Артета беше задоволен од играта на својот тим.
„Многу сум задоволен од играта, доминиравме, многу напаѓавме, стоевме високо на теренот, но не успеавме да создадеме многу големи шанси“, изјави Артета по натпреварот.
„Тоа е нешто на што треба да работиме и што треба да го поправиме, но не примивме гол, тие имаа само еден удар кон голот. Имавме многу ситуации кога имавме голема предност и треба да работиме на тие работи, можевме да имаме 14, 15 обиди и тоа секогаш може да ја направи разликата. Работиме на тоа“, додаде Артета.
„Во Премиер лигата е многу тешко да се победи на гостувањето кај Астон Вила и на гостувањето кај Лестер, но ги заслуживме двете победи“, изјави Артета, кој ја прокоментира и ситуацијата во која ВАР го поништи голот на Тросар во првото полувреме:
„ОК, тоа беше одлуката, за среќа успеавме да ја надминеме, не се загубивме поради поништениот гол, успеавме да постигнеме уште еден и да победиме“, заклучи менаџерот на Арсенал.