Connect with us

Фудбал

Асистентот на Клоп: На секој натпревар гледаме како на финале

Двајца од главните претенденти за титулата во Премиер лигата – Челзи и Ливерпул приредија вистински гол спектакл на Стемфорд Бриџ, во кој, сепак, немаше конечен победник. Двете екипи завршија со  резултат 2:2  во големата пресметка од 21. коло на шампионатот. Садио Мане отвори во деветтата, а Мохамед Салах удвои во 26. минута. Матео Ковачиќ ја врати интригата со одличен гол во 42. минута, а Кристијан Пулишиќ израмни во продолжението во првото полувреме, што се покажа како последен гол на натпреварот. „Црвените“ беа предводени од помошникот на Јирген Клоп, Пепин Линдерс, кој изрази жалење за пропуштените прилики пред противничкиот гол.

„Не правиме досадни натпревари. Двете екипи почнаа многу агресивно од самиот почеток. Посакувам да имавме поголема контрола. Направивме многу опасни контранапади, но ни недостигаше прецизност во последното додавање. На навивачите секако им се допадна натпреварот. „Момците дадоа се“, рече Линдерс.

„На секој натпревар гледаме како на финале. Не е важно кој ќе биде носител, а кој – резерва. Нашите проблеми не се мали. Салах и Мане се многу важни за тимот, тие се лицето на тимот. Им посакувам успех во Африканскиот куп на нации. Секој знае како е да се игра за својата земја. Тие ја заслужуваат можноста да се борат за сите можни трофеи“, продолжи помошникот на Клоп.

„Челзи постигна два неверојатни гола. Во подготовките за натпреварите секогаш се трудиме да избегнеме такви ситуации, но самите удари беа големи“, призна Линдерс.