Кошарка
Атанасов: Шампионскиот менталитет на МЗТ Скопје дојде до израз!
МЗТ Скопје Аеродром ја одбрани куп-круната. Во драматична завршница, и натпревар кој беше решен во последните секунди, „металците“ стигнаа до злато вредна победа (62:60), доволно за 12. трофеј во ова натпреварување.
На огромно задоволство кај шефот на стручниот штаб, Васко Атанасов:
„Шампионскиот менталитет на МЗТ Скопје дојде до израз. Колку и да играме лошо, на површина излезе тој наш аеродромски инает. Оваа победа ја посветувам на навивачите и им благодарам што дојдоа да не бодрат.
Ние денеска игравме во грч, но игравме без Војдан Стојановски што им даде можност на некои други кошаркари да бидат херои. Што се однесува до Робев, тој по вторпат е фактор за победата овде во Битола бидејќи блесна и лани во финалето од Купот и мене ми е многу мило за тоа“ – изјави тренерот на МЗТ Скопје.