SPORTM.mk
Атланта јунајтед: Де Бур им се извини на фудбалерките
Тренерот на Атланта јунајтед, Франк де Бур, се извини за неговиот став кој се однесуваше за плаќањето во женскиот фудбал.
– Се извинив за моите зборови за женскиот фудбал. Зборовите ги одбрав неумешно. Особено зборот „смешен“. Ако го прочитате само овој збор, тогаш звучи премногу силно. Но, ако го знаете целиот контекст, очигледно е дека јас секогаш го поддржувам женскиот фудбал, изјави Де Бур.
Претходно, тој го нарече апсурд барањето за еднаква плата на учесниците на светските првенства за жени и мажи.