Connect with us

Фудбал

Атлетико го претстави новиот дрес, дали го потврди и заминувањето на Гризман?

Атлетико Мадрид ги претстави новите дресови за следната сезона.

Јорганџиите како модели за новиот дрес ги избраа: Саул Нигуез, Диего Коста и Лукас Хернандез, а испуштањето на Гризман привлече големо внимание.

Французинот веќе долго време е поврзан со Барселона. За тоа многу разговара, а ова е можеби уште еден знак дека Атлетико решил да го продаде.

Дресот не подлежи на големи промени. Боите се стандардни црвени и бели со сини детали на дното. Дресовите на Атлетико и оваа година беа дизајнирани од „NIKE“.