Connect with us

Фудбал

Атлетико и Реал одиграа без голови во дербито на Мадрид

Дуелот на двата мадридски тима меѓу Атлетико и Реал одигран синоќа на стадионот „Ванда Метрополитано“ заврши без победник и без голови 0:0.

Двете екипи имаа само по неколку шанси за промена на резултатот, а главниот судија Фернандез Борбалан покажа дури осум жолти картони – шест за Атлетико и два за Реал.

Нерешениот резултат од градското дерби го искористи Барселона, која во рамките на 12.коло постигна победа на гости кај Леганес со 3:0, а стрелец на два гола беше Луис Суарез.

Барселона е лидер на табелата со 34 бодови, седум повеќе од второпласираната Валендија, а дури десет од Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.