Фудбал
Атлетико Мадрид го обезбеди своето прво ново засилување за следната сезона
Атлетико Мадрид го обезбеди првото ново засилување за следната сезона, а тоа е фудбалерот на Мајорка – Канг-ин Ли.
Душекчиите следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите, што значи солиден фонд за нови засилувања, а Диего Симеоне веќе работи на изборот.
Корејскиот репрезентативец блескаше низ редовите на клубот од Балеарите, а Атлетико е подготвен да плати 20 милиони евра за него, сума која би требало да биде прифатлива за Мајорка.
Ли има откупна клаузула од 17 милиони, но Атлетико ќе плати повеќе за побрзо да го добие потписот на Кореецот бидејќи за него има интерес и од клубови од Премиер лигата кои се очекува да бидат финансиски помоќни од мадридскиот клуб.
Кореецот беше дел од академијата на Валенсија од 10-годишна возраст, но десет години подоцна клубот го загуби поради турбулентниот период во кој имаше многу проблеми на теренот и надвор од него.