Connect with us

SPORTM.mk

Атлетико со многу тешкотии славеше против Еспањол и се позиционира на третото место на табелата

Атлетико Мадрид беше домаќин на Еспањол во 13. коло од Ла Лига и славеше со 3-1.

Тимот на Диего Симеоне беше во голема резултатска криза пред овој натпревар и на последните шест натпревари забележа само една победа и пет реми во Шпанското првенство.

Натпреварот против тимот на Еспањол, кој постигна 8 поени по одиграни 12. коло, беше идеална можност да се запишат три бода, но не помина како што беше планирано.

Гостите ја шокираа домашната екипа во 38 минута, кога Дардер погоди за водство од 1-0, но Атлетико го изедначи резултатот на самиот крај на првото полувреме преку младиот напаѓач Кореја.

Атлетико понатаму играта ја продолжи со сите во нападот и сакаше да победи, а во 58. минута успеа да стигне до водството кога Мората погоди за 2:1.

Домашните продолжија да напаѓаат после тоа, но до третиот гол стигнаа во 91. минута кога Коке ги постигна конечните 3:1.

По оваа победа Атлетико се наоѓа на 3-то место на табелата со 24 бода, додека Барселона и Реал имаат по 25 и натпревар помалку.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com