Connect with us

Фудбал

Атлетико во Истанбул по Елиф Елмас!

Директори на Атлетико Мадрид веќе го закажале своето патување за Турција каде треба да истварат средба со колегите од Фенербахче со што ќе го официјализираат трансферот на Елиф Елмас.

Пред десетина дена беше објавено дека Интер со 11 милиони евра ја добил битката за потписот на Елиф Елмас, но потоа пристигна вест дека Атлетико сепак успеал да го украде Македонецот.

Клубот од Мадрид доставил предлог вреден 14 милиони евра, пресудила и желбата на Елиф Елмас да игра во Шпанија, па Фенербахче ја прифатил понудата.