Connect with us

Фудбал

Атлетико зема уште еден од Арсенал за да го замени Трипер

Атлетико Мадрид се уште бара десен бек кој ќе ја пополни празнината откако Киеран Трипие замина во Њукасл. Последното име кое се поврзува со трансферот во шампионот на Шпанија е Седрик Соареш. Португалецот е резерва во Арсенал и со задоволство би прифатил кариерата да ја продолжи во Ванда Метрополитано.

Атлетико ќе се обиде да го изнајми Соареш, со опција за купување. Клубот се уште нема дадено официјална понуда, но се очекува тоа да се случи следната недела.

Во оваа фаза Симеоне има само еден типичен десен бек – Шиме Варсалко. Сепак, Хрватот често го мачат повреди.

Седрик Соарес дојде во Арсенал во 2020 година од Саутемптон. Португалецот е врзан за „топчиите“ до 2024 година.