Други спортови
Аутсајдерите испишаа историја на Индијан Велс
За првпат во историјата на Мастерс 1000 турнирите од 1990 година, сите четворица полуфиналисти се под 25 место на АТП листата.
Со овој неуспех на четвртиот играч на светот продолжува елиминацијата на фаворитите во Калифорнија.
Фриц славеше со пресврт со 4-6, 6-3 и 7-6, а во борба за финале ќе игра против Николоз Басилашвили. Тој, исто така, направи изненадување и го елиминираше Стефанос Циципас.