Connect with us

Други спортови

Авганистанци и Пакистанци се степаа во Лидс пред крикет меч (Видео)


Во Англија во тек е Светски куп во крикет, а пред мечот од групната фаза помеѓу Пакистан и Авганистан, доселениците од овие две земји кои живеат во Велика Британија, ја искористија приликата физички да се пресметаат.
При масовната тепачка, се користеа секакви предмети, летаа шишиња, мегафон, а завојуваните страни сакаа да ја пробијат зоната на обезбедување и влегоа во конфликт и со редарите. Две лица беа приведени.

Пакистан и Авганистан се политички непријатели, а нередите почнаа откако над стадионот прелета авион кој носеше транспарент на кој пишуваше „Правда за Балочистан“. Балочистан е регион во југо-западна Азија, има делови во Пакистан, Иран и Авганистан, а националистите од тој предел се борат против владите на Пакистан и Иран, во полза на Авганистан.

.

Извор: Sportmanija.mk