Connect with us

Тајмаут

Австралиските тенисерки ги тестираа креветите во Париз, дали можеле да издржат (ВИДЕО)

Спортистите почнаа да пристигнуваат во Париз во пресрет на почетокот на Олимписките игри, кои се закажани за петок, а на социјалните мрежи веќе може да се најдат бројни видеа кои ја прикажуваат внатрешноста на просториите во олимпиското село. Австралиските тенисерки Дарија Савил и Елен Перез беа особено заинтересирани за креветите направени од рециклиран картон, кои првпат беа видени на Олимписките игри во Токио. Тие ги нарекоа кревети против секс бидејќи се премногу слаби за да издржат каква било интимност, а австралиските тенисери решија да ја тестираат таа сила скокајќи по нив.

View this post on Instagram

A post shared by Daria Saville (@daria_sav)

Во олимпиското село во Париз се направени 18.000 кревети со должина од 2,1 метар и носивост до 200 килограми. Секој кревет има три перници, душеците се направени од полиетилен, а по завршувањето на Игрите ќе се рециклираат и ќе се користат за производство на пластика.

Advertisement