Фудбал
Австрија преку Македонија на ЕП, минимален пораз во Виена
Македонската фудбалска репрезентација загуби на гостувањето кај Австрија со 2:1 во претпоследниот кваификациски меч за пласман на ЕП.
По само седум минути игра Алаба го отвори резултатот откако ја искористи „заспаната“ одбрана и избегна офсајд.
На 2:0 зголеми Лајнер по само три минути игра во вториот дел, а поразот на Македонија го ублажи Стојановски во третата минута од судиското надополнување по нафрлена топка од Барди од прекин.
Со оглед на тоа дека Словенија победи против Литванија, Македонија „падна“ на 4.место на табелата. Израел има 11 бодови исто колку и Македонија.
Последниот меч Македонија на 19 овој месец токму против Израел, што на некој начин ќе биде битка за четвртата позиција на табелата.
Со вечерашната победа Австрија обезбеди пласман на ЕП, а од оваа група како првопласирана на континенталниот собир ќе патува и Полска.