Фудбал
Австријците со блага предност кај обложувалниците
Најдобрата македонска репрезентација против Австрија вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ ќе ја брка втората победа и евентуално се врати во трката за една од првите две позиции.
Селекторот Игор Ангеловски верува дека и покрај несреќниот пораз од Полска, неговите фудбалери можат да се покажат во уште подобро светло и дека максимално ќе се залагаат и против Австријците.
Според светските обложувалници, блага предност има противникот, со коефиециент кој што се движи меѓу 2.00 и 2.13.
За нашата селекцијата квотата за победа е нешто поголема и се движи меѓу 3.75 и 4.00.
Извор: Слободен печат