Фудбал
Азар не е дебел, дресот на Реал го прави таков!
Еден Азар се уште не ја пронашол вистинската форма откако пристигна во Реал Мадрид и не е на нивото кое го имаше во Челзи. Сепак, самиот тој вели дека не се препознава во воведните неколку мечеви и дека му е потребно време.
Но, во Шпанија не престануваат критиките на негова адреса дека е дебел и дека вишокот на килограми е причината поради која не игра на високо ниво.
Сепак, тренерот на голманите на селекцијата на Белгија, Ервин Леменс има „фантастично“ објаснување за ова.
-Азар дебел? Секогаш бил таков, го знам целиот живот, од кога почна да тренира, изјави Леменс, кој притоа додаде дека проблемот е во бојата на дресот на Реал Мадрид.
-Белото додава килограми, односно создава погрешна слика, вели Леменс.