Фудбал
Азар: Не е лесно да си во „дресот“ на Роналдо и Раул
Еден Азар вели дека не чувствува притисок да се носи со статусот наследник на Кристијано Роналдо. Белгиецот, откако се приклучи на тимот во текот на летото, го зеде бројот 7 кој претходно му припаѓаше на Португалецот.
– Секако, не е лесно да се носи 7 на дресот по Роналдо и Раул. Но, кога излегувам на теренот, не размислувам за бројот на мојот грб, затоа што само играм за тимот, изјави Азар.