Connect with us

Фудбал

Азар незадоволен, бара разговор со Анчелоти откако го понижи на мечот со Атлетик Билбао

Еден Азар пристигна во Реал од Челзи и требаше да биде играч кој ќе биде главна ѕвезда на тимот, но честите повреди и лошата форма го спречија во тоа.

Азар повеќе време поминуваше на лекување отколку на тренинзи, но и кога е здрав, кај Анчелоти не е во преден план.

Така беше и синоќа, во Куп дуелот во кој Реал загуби од Атлетик Билбао. Азар остана на клупата и покрај тоа што се загреваше покрај аут линијата подолго време.

Азар е незадоволен од односот на Анчелоти, барем според извори блиски до белгискиот фудбалер, но поради атмосферата во соблекувалната не сака јавно да зборува за тоа.

Истите извори наведуваат дека Азар ќе побара разговор со италијански стручњак при што ќе го изрази своето незадоволство, а дали после тоа ќе се промени неговиот статус останува да видиме.

Анчелоти го понижи Азар, Бејл му се изнасмеа на Белгиецот (ВИДЕО)