Поврзи се со нас

Ракомет

Бабиќ: Шафхаузен е цврста дефанзивна екипа мора да бидеме трпеливи во нападот

РК Еурофарм Пелистер од Битола утре во Битола ќе игра натпревар во рамките од третото коло во групата “Д“ на Лига Европа против Кадетен Шафхаузен од Швајцарија.

Битолчани претходно ја известија Европската ракометна федерација за позитивни случаи на коронавирус во екипата, а по неколкудневна консултација клубот ја прифати препораката на ЕХФ мечот редовно да се одигра.

Жељко Бабиќ, тренер на Еурофарм Пелистер за овој натпревар на тренингот во Битола рече:

Тешка беше ситуацијата во тимот по враќањето од ЕХФ неделата, каде имаа свои обврски. Доста ракометари беа заразени со коронавирус и не можевме сите заедно да тренираме. Се собравме сите заедно пред три дена, одржавме неколку тренинзи и во ова кратко време ќе се обидеме да го анализираме тимот на Кадетен Шафхаузен, за што е можно подобро да му се спротиставиме. Тешко е прецизно било што да се каже, но верувам дека со нашиот карактер и желба ќе го надополниме тоа што не можевме да тренираме заедно.

За противникот додаде:

Го гледавме натпреварот на Кадетен Шафхаузен против ГОГ Гудме, како и нивните домашни натпревари во шампионатот. Тие се цврста дефанзивна екипа, со силен противнапад. Тоа е нивната главна карактеристика и мора на тоа да обратиме внимание во вторник. Треба да бидеме стрпливи во нашата игра во напад.

Натпреварот се игра утре, вторник (17 ноември) од 18.45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола без присуство на гледачи поради ситуацијата со ковид-19.

Извор: Bitolanews.mk

loading...

Facebook