Connect with us

Фудбал

Баерн го донесе капитенот на Лајпциг, Лајпциг го донесе талентот на Барселона

Сабицер носи се што му треба на Баерн “, изјави претседателот на Баерн, Оливер Кан.

Играчот за врска на австриската репрезентација и Лајпциг, Марсел Сабицер, потпиша договор со Баерн Минхен до 2025 година, објави германскиот шампион во понеделникот.

Висината на трансферот не е позната, но според германските медиуми, минхенскиот клуб платил 15 милиони евра за да го купи Сабицер, чиј договор го поврза со Лајпциг уште една година.

Сабицер носи се што му треба на Баерн “, изјави претседателот на Баерн, Оливер Кан.

„Нема да му треба многу за да се прилагоди, бидејќи тој веќе ја знае филозофијата на нашиот тренер“, додаде Кан.

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман дојде од Лајпциг.

Лајпциг, пак, веднаш најде замена, за истите пари – младиот Шпанец Илеас Мориба е во Германија и наскоро ќе потпише договор.

Мориба е талент на Барселона, има само 18 години, а неодамна одби да го продолжи договорот со каталонскиот клуб.