Connect with us

Фудбал

Баерн го изостави Мане од тимот за денешниот натпревар поради неговиот претстоен трансфер

Садио Мане не е во тимот на Баерн Минхен за денешниот претсезонски дуел против јапонскиот Кавасаки Фронтале, бидејќи се наѕира неговото заминување по само една година во германскиот шампион.

„ Садио Мане е во преговори со друг клуб и затоа не е во денешниот тим“, напиша Баерн на Твитер пред натпреварот во Токио против Кавасаки Фронтале од Џеј-лигата. Сенегалската ѕвезда Мане беше поврзувана со трансфер во клубот на Кристијано Роналдо . од Саудиската професионална лига Ал-Насер.

Неговиот агент требаше да пристигне во Токио во сабота за да ги финализира деталите, а францускиот Канал + објави дека лекарските прегледи би можеле да се одржат во недела во Дубаи, што значи дека тој ќе го напушти тимот на Баерн за време на викендот. Сумата на трансферот се проценува на околу 30 милиони евра.

Мане дојде во Баерн минатата година од Ливерпул, но никогаш не ги оправда големите очекувања.