Connect with us

Фудбал

Баерн Минхен ќе остане со Хејнкес до крајот на сезоната, Тухел ќе биде новиот тренер а Баварците

Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд Томас Тухел според германскиот весник „Билд“ од следната сезона ќе биде нов тренер на Баерн Минхен.

Во моментов на клупата на „баварците“ се наоѓа Јуп Хејнкес, како замена за Карло Анчелоти, кој имаше слаб почеток на сезоната и доби отказ.

Предвидувањата дека Тухел ќе биде тренер на Баерн може да бидат исполнети и по изјавата на претседателот на клубот Карл Хајнц Румениге, кој по заминувањето на Анчелоти изјави дека никој нема ништо против Тухел да биде на клупата на Баерн, но моментот не бил идеален.

Тухел пет сезони беше тренер на Мајнц, а ланската сезона ја заврши како тренер на Борусија Дортмунд.