Фудбал
Баерн најави уште еден трансфер во заминување
Баерн Минхен направи уште еден трансфер во заминување. Баварците прво го продадоа Микаел Кузанс на Венеција, а потоа Оливер Батиста Мајер на второлигашот Динамо Дрезден.
20-годишниот крилен напаѓач потпиша со својот нов тим до летото 2025 година.
Батиста Мајер есента настапуваше за вториот тим на Баварците и постигна 12 гола во Регионалната лига.
Минатата сезона младиот играч беше на позајмица во Херенвен.
Висината на трансферот не беше објавена.