Connect with us

Фудбал

Баерн не личеше на себе на мечот со Лацио? Епа, ова веројатно е најдобриот одговор зошто (ВИДЕО)

Баерн Минхен е поразен од Лацио со 1:0 во првиот нивен меѓусебен дуел од осминафиналето. Единствеиот гол го постигна Имобиле од пенал. Иако Баерн беше подобар противник, сепак нивниот однос на овој меч и залагањето на теренот на фудбалерите, не наликуваа на оној Баерн кој притиска, создава шанси, го гази противникот. Веројатно овој тим не личеше на себе. Но, зошто е тоа така? Видеото кое се врти на социјалните мрежи веројатно е најдобар доказ за тоа. Тренерот Тухел скока покрај аут линијата, бара од играчите да тргнат во напад, а тие воопшто не го „фермаат“ што кажува. Играат лежерно и на својата половина, иако во тој момент имаа негатива. Сепак, за патникот во четвртфиналето е се уште рано да се прогнозира, бидејќи има реванш во Минхен.