Connect with us

Ракомет

Бахреин на колена, Македонија ја забележа втората победа на СП

Македонската ракометна репрезентација ја забележа и втората победа на светското првенство совладувајќи ја репрезентацијата на Бахреин со 28:23.

Иако се очекуваше дека ова за Македонија ќе биде еден лесен натпревар,сепак Бахреин одигра одлично прво полувреме. Уште не почетокот нашата репрезентација стекна предност од четири гола (6:2), но потоа следуваше период во кој десеттина минути не можевме да погодиме, а нашиот противник тоа вешто го искористи и со серија од пет гола дојде во предност од 6:7.

Сепак, може да се каже дека одигравме солидно прво полувреме и на пауза нашата репрезентација замина со водство од 12:8.

Македонија одлично го започна второто полувреме. Имаше по некоја не реализирана шанса и на двете страни, но нашата репрезентација успеа да направи разлика од плус пет во 41. минута (17:12).

На средината од второто полувреме нашата репрезентација со одличната игра покажа дека далеку по квалитетна од Бхреин и ја зголеми предноста на плус седум (20:13).

Бахреин во 56. минута успеа да ја намали предноста на Македонија на на шест гола (26:20), но сепак нашата репрезентација уште еднаш покажа дека не е случајно на едно вака големо натпреварување и издвојува победа со резултат од 28:23.