Фудбал
Балардини третпат на клупата на Џенова
Давиде Балардини е нов тренер на Џенова откако Иван Јуриќ по поразот во градското дерби во сабоата од Сампдорија доби отказ. Со тоа клубот на македонскиот репрезентативец Горан Пандев доби нов тренер.
Балардини минатата сезона беше на клупата на Палермо и по отказот на Јуриќ важеше за најголем кандидат за тренер на Џенова.
Новиот тренер на Џенова претходно во овој клуб работеше во два периода од 2010 до 2011 година и во 2013 година.
Џенова се наоѓа на 18.место на табелата во италијанската лига со серија од три порази на последните три натпревари и со вкупно шест освоени бодови од 12 кола.