Ракомет
Балканското дерби за Црна Гора, Русија во полуфинале
Балканското дерби на Европското женско ракометно првенство меѓу Србија и Црна Гора ги оправда очекувањата, откако двете селекции одиграа супер-неизвесен натпревар, кој заврши со среќен крај за Црногорките 28:27.

Убедливо најпрецизна на мечот беше десното крило на Србија, Катарина Крпеж со 11 гола, а солиден настап имаа уште Радојевиќ со 5 и Лавко со четири. Кај Црна Гора се истакнаа Јауковиќ и Мехмедовиќ со по шест гола, а еден помалку постигна Радичевиќ.
Еден од главните фаворити за златниот медал на Европското првенство Русија обезбеди пласман во полуфиналето со победата над Данска со 32:21, која остана на последното место во групата.