Connect with us

Фудбал

Барди: Исланд е јак, многу работи ќе зависат од нас – но имаме желба за победа

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди пред утрешниот натпревар со Исланд е оптимист и вели дека имаме желба за победа, иако протиникот е јак.

„Треба да се сконцентрираме на нашите работиме, она што ќе го договориме пред натпревар така и да играме. Овој противник е јак, но многу работи ќе зависат од нас, треба да имаме желба само и да бидеме ние, да бидеме сите заедно и да одиме на победа“, рече Барди на попладневната прес конференција.

Натпреварот меѓу Исланд и Македонија се игра утре, со почеток од 18:00 часот.