Фудбал
Барди: Ние сме семејство, знаеме кои сме, само да го дадеме на терен тоа што го бара селекторот.
Барди во изјава пред денешниот тренинг вели дека му е чест што се повторно заедно.
„90% истите играчи сме, се знаеме многу добро и се знаеме долги години. Мислам дека клучните играчи сме сите тука. Ова е семејство, сите сме битни“, рече Барди.
За репрезентацијата на Ерменија, Барди вели дека имаат промени поради новиот селектор, но нашата репрезентација треба само да го даде она што селекторот го бара.