Connect with us

Фудбал

Барди се враќа во дресот на Македонија, Етеми е ново име на списокот на Милевски

Благоја Милевски денеска го објави списокот со 24 фудбалери на кои ќе смета за претстојните дуели против Ерменија и Исланд во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.

Ново име на списокот на Милевски е фудбалерот на турскиот прволигаш Истанбулспор, Ваљон Етеми, кој на 27-годишпна возраст ќе има шанса да дебитира во националниот дрес, а по надминување на проблемите со повредата во тимот се враќа Енис Барди.

Етеми игра на позицијата десно офанизвно крило, тој е стандарден во неговиот тим. Еднаш беше повикан и во младата репррезентација на Македонија, токму од селекторот Милевски.