Connect with us

Фудбал

Барди: Возбуден сум што екипа од мојата земја ќе се надигрува на „Аноета“

Македонскиот репрезентативец кој настапува во шпанската лига Енис Барди денеска беше запрашан од шпанските медиуми за мислење за вечервашнито натпревар помеѓу Реал Сосиедад и Вардар. Тој вели:

„Мора да кажам дека навистина сум среќен што Вардар, клуб кој е еден од најдобрите во мојата земја, е дел од Лигата на Европа и сега е гостин во Шпанија на меч со Реал Сосиедад. Настапот во Лигата на Европа е голема работа за македонскиот фудбал и неговиот развој во иднина. Јасно е дека на Вардар ќе му биде многу тешко да дојде до добар резултат затоа што Реал Сосиедад е голем фаворит. Но, од друга страна сум сигурен дека Вардар е многу подобра екипа од она што го покажа на мечот во Скопје. Располага со неколку одлични фудбалери. Сега сигурно не доаѓаат со бело знаме и имаат мотив за докажување пред шпанската публика. Затоа очекувам добар натпревар“, вели Енис Барди.

Related image

Натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и Вардар започнува во 21.05 минути, со директен пренос на МРТ1, Арена спорт и нашиот портал Спорт М.