Connect with us

Кошарка

Баркли до раководството на НБА: Блокирајте го „трејдот“ на Дејвис во Лејкерси!

Легендарниот кошаркар и актуелен водител на „ТНТ“, Чарлс Беркли му порача на Комесарот на НБА, Адам Силвер да го сопре евентуалното преминување на центарот на Њу Орлеанс Пеликанс, Ентони Дејвис во Лос Анџелес Лејкерс.

Славната франшиза оваа година потпиша со Леброн Џејмс, кој е подготвен да биде трпелив со цел во Калифорнија да се направи нов „супер тим“, а според некои медиуми во САД, заедно со заедничкиот агент Рич Пол го „врбувал“ и Дејвис да му се придружи, што го изиритира познатиот кошаркар.

– НБА и Адам Силвер треба да го блокираат овој „трејд“. Не ми се допаѓа она што Лејкерси гоправат и мислам дека тоа не е во ред … Прават тајни договори и ние сите го знаеме тоа. Рич Пол ми се налути кога пред месец дена реков: „Аха, се е јасно, Дејвис ќе оди во Лејкерси“, што се случи пред почетокот на сите гласини. Тие го наместија „трејдот“. Затоа мислам дека Комесарот Силвер, кој вистински го почитувам, треба да излезе и да каже дека Ентони Дејвис не може да премине во Лејкерс. Не смее да имаме играчи и агенти кои прават тајни договори за да се создаваат супер тимови, изјави Баркли.

Со него не се согласија Ерни Џонсон, Кени Смит и Шекил О’Нил, а поранешниот центар на „езерџиите изјави дека Баркли не ја разбира „новата генерација на играчи која игра во НБА лигата“.

Лигата претходно во 2011-та стави „вето“ на преминувањето на Крис Пол од во Лејкерси, кога претседател беше Дејвид Стерн, но ќе видиме дали сега ќе направат нешто за да го спречат договорот.

Потсетуваме дека Чарлс Баркли не е „наивен“ во целата оваа приказна, бидејќи како кошаркар на Феникс побара „трејд“ во тим кој се бори за титулата или „ќе оди во пензија“.