Фудбал
Барса импресионирана од тројца играчи на Интер, ќе се обиде да ги донесе на „Камп Ноу“
Според информациите од Италија, тројца фудбалери на Интер ги импресионирале челниците на Барселона. Наводно каталонскиот тим ќе се обиде да го „украде“ триото Лутаро Мартинез, Милан Шкриниар и Стефано Сенси.
Првите двајца се фудбалери на Интер, додека Сенси е позајмен од Сасуоло, но Интер планира да го откупи целосно.
Останува да се види дали навистина Барселона ќе испрати понуда и како ќе реагираат челните луѓе на Интер, кој сезонава игра одлично.
Нивната пресметка на „Ноу Камп“ заврши со победа на Барселона преку пресврт со 2:1. Каталонците губеа со 1:0 во првиот дел со голот токму на Лутаро Мартинез. Интер во првите 45 минути беше подобар противник, но вториот дел целосно и припадна на Барселона.