Connect with us

Фудбал

Барса потпиша со 17-годишно момче и му стави откупна клаузула од – 500 милиони евра!

Поранешниот член на тимот на Барселона Б, Алехандро Балде, се приклучил на првиот тим.

Управата на Барселона синоќа потврди дека потпишала сениорски договор со досегашниот фудбалер на вториот тим, Алехандро Балде, кој е со важност до 2024 година.

Балде потекнува од познатата школа „Ла Масија“ и со сигурност ќе добие шанса од Роналд Куман во новата сезона, а веќе дебитираше за сениорскиот тим во контролката против Гимнастик.

Холандскиот стратег од новата сезона ќе има страшен напаѓачки тандем откако првите луѓе на клубот успеаја да ги обезбедат услугите на Серхио Агуеро и Мемфис Депај, а се надеваат дека наскоро соработката ќе ја продолжи досегашната најголема ѕвезда Лионел Меси.