Connect with us

Кошарка

Барселона бара да му се одземе титула на Реал Мадрид, играч фалсификувал пасош за 35.000 евра!

Шпанските медиуми денеска ја објавија веста дека Барселона ќе бара да му се одземе титулата шпански кошаркарски шампион на Реал Мадрид и сето тоа поради фалсификуван пасош. Утврдено е дека кошаркарот Маркус Слотер во 2015 година играл во дресот на Реал Мадрид со фалсификуван пасош од Екваторијална Гвинеја и сега ќе му се суди за тој прекршок. Кога Слотер конечно ќе биде прогласен за виновен, Барселона ќе испрати барање да му се одземе титулата на шпанскиот шампион, како и трофејот во Копа дел Реј на најлутиот ривал.

Во шпанската Ендеса лига, Слотер одигра 13 натпревари за Реал таа сезона и забележа просечни 3,1 поени по натпревар. Спорниот пасош на Екваторијална Гвинеја му беше предаден на Слотер само три дена пред почетокот на Купот на Кралот, а земјата беше избрана поради Договорот Котону поддржан од Европската унија, кој му дозволи на Слотер да биде наведен како домашен играч во Шпанија со овој пасош.

Амбасадата на Екваторијална Гвинеја потврди дека пасошот на Слотер бил лажен, но случајот се одолговлекува од 2016 година бидејќи расправата многупати се одложувала. Слотер призна дека го платил пасошот со 35.000 евра во кеш на Ричард Нгуема, поранешен кошаркар на Реал Мадрид, кој имал врски во Владата на Екваторијална Гвинеја.

„Ќе бараме да му се одземат титулите од Мадрид“, изјави адвокатот на Барса, Жорди Пина за радио RAC1.

Во 2015 година, Барселона остана без ниту еден трофеј бидејќи Реал Мадрид ја освои двојната круна.