Connect with us

Фудбал

Барселона е целосно раздрмана, поранешен претседател тврди: Некој краде пари од клубот

Хаос владее во Барселона деновиве. Синоќа шест члена на бордот на каталонскиот тим поднеле оставки. Енрике Томбас, Силвио Елиас, Марија Теишидор, Жосеп Понт , Жорди Класамиља и Емили Росуд со писмо го нападнаа сегашниот претседател Жозеп Бартомеу.

Токму последниот, Росуд е поранешен претседател на клубот и е најгласен во критиките.

„Искрено, мислам дека некој ја краде Барселона. Кој беше тоа? Не верувам дека некој од бордот на клубот, но можам само да шпекулирам. Кога ќе платиш за нешто милион евра ако тоа вреди 100.000 евра, тоа носи корист за некој надвор од клубот, вели тој додавајќи дека и една од причините поради заминувањето е скандалот со социјалните мрежи преку кои се омаловажувале, критикувале и напаѓале фудбалерите.

„Сакаме да посочиме дека менаџерите ја пренесоа одлуката на претседателот Бартомеу да заминеме од клубот, бидејќи не можеме да ги смениме критериумите на водење на клубот посебно во сценариото по епидемијата. Исто така мораме да го посочиме несогласувањето со несреќната епизода на социјалните мрежи кои некои ја нарекоа ’Барсагејт’, и за која дознавме преку медиумите, се вели во тоа писмото објавено од членовите на бордот кои заминаа.